Девојче од 6-то одделение во училиште во Ајдахо застрела три лица – Makedonija News

Девојче од 6-то одделение во училиште во Ајдахо застрела три лица

Ученичка од шесто одделение отвори оган во своето училиште во Ајдахо, на северозападот на САД и повреди три лица. Таа беше разоружана од страна на една наставничка.

Повредени се две деца и чувар во училиштето во градот Рагби.

Девојчето носело огнено оружје во ранецот. Точната возраст на детето не е соопштена, но во САД, шестоодделенците обично имаат 11-12 години. Напаѓачката е приведена, а ранетите се пренесени во болница и не се во животнозагрозувачка состојба.

Шерифот на округот Џеферсон Стив Андерсон рече дека девојчето извадило пиштол од ранецот и испукало повеќе истрели внатре и надвор од училиштето во Рагби.

Една наставничка го разоружала девојчето и ја држела сè додека полициските службеници не дошле и ја одвеле во притвор, но полицијата не даде повеќе детали, освен дека го испитуваат мотивот за нападот и каде девојчето го пронашло пиштолот.

Ученикот Јандел Родригез вели дека седел во училницата, не знаејќи што ќе се случи.

„Бевме на час со наставникот и решававме задачи, кога одеднаш се слушна истрел, а потоа уште два пати. Слушнав врисоци. Нашиот наставник излезе да види што се случува, виде крв, опиша Родригез.

Social profiles