Средба меѓу претседателот Пендаровски и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски – Makedonija News

Средба меѓу претседателот Пендаровски и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ќе оствари средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој побарал таква средба. Претходно меѓу нив имало телефонски разговор, со кој, како што наведуваат во ВМРО ДПМНЕ се одмрзнуваат односите меѓу Мицкоски и Пендаровски. На денешната средба ќе се разговара во врска со осудените во случајот „27 април“ и за актуелната политичко-економска состојба.

„Добро е што по девет месеци некомуницирање, се воспостави комуникација со институцијата претседател на Република Северна Македонија, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, кој толку многу недостасува во нашата земја“, оцени претседателот Пендаровски за Дојче веле. Мицкоски пак изјави дека одмрзнувањето на односите со претседателот Пендаровски е поради тоа што на земјава ѝ е итно потребен дијалог меѓу политичките чинители.

Social profiles