Итен состанок на Советот за безбедност на ООН поради ескалацијата на нападите меѓу Израел и Палестина – Makedonija News

Итен состанок на Советот за безбедност на ООН поради ескалацијата на нападите меѓу Израел и Палестина

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе одржи итен состанок посветен на ескалацијата на тензиите меѓу Израелците и Палестинците, пренесуваат светските агенции.

Според написите, консултациите, наводно, се закажани за во 9:00 часот по локално време во Њујорк, каде се наоѓа седиштето на ООН.

Членовите на Советот за безбедност на ООН не успеаја да го усогласат текстот на документот за ова прашање за време на консултациите во понеделникот, а според агенциите, тие најверојатно нема да можат да усвојат заедничка резолуција или изјава ниту на денешната седница.

Денеска ескалираа непријателствата меѓу Израел и Хамас со најмалку 35 убиени во Газа и пет лица во Израел.

Ова е најсериозната конфронтација меѓу Израел и милитантната организација Хамас од 2019 година, а беше предизвикана од судирите меѓу Палестинците и израелската полиција во и околу џамијата Ал Акса во Ерусалим.

Ситуацијата во Ерусалим беше напната за време на рамазанскиот пост, поради најавеното присилно иселување на Палестинците од нивните домови во Источен Ерусалим, анализираат медиумите.

Social profiles