Ако на обувките или патиките ви се појавиле линии како да се прекршени, еве што да направите – Makedonija News

Ако на обувките или патиките ви се појавиле линии како да се прекршени, еве што да направите

Вообичаено новите обувки и патики, по само неколку носења, се превиткуваат кај прстите и тоа создава линии и вдлабнатини што го уништува нивниот убав изглед. Ако тоа ви пречи, со едноставен домашен „третман“ може повторно да ги направите како нови.

Потребни ви се неколку весници, кујнска крпа и пегла.

Наполнете ги патиките со весници, за да спречите влагата да навлезе во нив.

Потоа, натопете ја кујнската крпа со вода и поставете ја на предниот дел, односно онаму каде што е прекршувањето.

Поминете со топла (умерено) пегла, со нежни движења, неколку минути. Процесот ќе ја врати влагата во кожата и буквално ќе ја испегла, но прво може да пробате на помал дел, за да не ризикувате од разни причини, целосно да ги уништите чевлите.

Social profiles