Во светот досега инјектирани 1,5 милијарда дози вакцина против Ковид-19 – Makedonija News

Во светот досега инјектирани 1,5 милијарда дози вакцина против Ковид-19

За шест месеци, од почетокмот на националните кампањи на имунизација, во светот се инјектирани повеќе од 1,5 милијарда дози вакцини против Ковид-19, јавија француските медиуми.

Најмалку 1.500.017.337 дози се инјектирани во 210 земји и територии низ светот, посочуваат официјалните извори, додавајќи дека речиси 60 проценти од овие дози биле употребени во три земји, Кина (421,9 милиони), САД (274,4 милиони) и Индија (184,4 милиони).

Според бројноста на населението во имунизацијата предводи Израел, каде речиси секој шестти од десет Израелци е целосно вакциниран. Потоа следат Велика Британија (54 проценти од населението добило барем една доза), Бахреин (50 проценти), САД (48 проценти), Чиле (47 проценти) и Уругвај (40 проценти).

Во Европската унија се инјектирани повеќе од 200 милиони дози или 32 проценти од населението, наведуваат француските медиуми, а тоа е процент што е далеку зад Малта (65 проценти од населението добило барем една доза) и Унгарија (49 проценти), како најдобри во имунизацијата меѓу 27-те земји членки. Најнаселените земји во ЕУ се движат околу просекот од 32 отсто: Германија (37 проценти), Франција (31 процент), Италија (32 проценти) и Шпанија (33 проценти).

Social profiles