Заев на средба со претседателот на Европскиот Совет за ЕУ перспективата на Македонија – Makedonija News

Заев на средба со претседателот на Европскиот Совет за ЕУ перспективата на Македонија

Премиерот Зоран Заев изутринава ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, во последен обид во седиштето на ЕУ да ги презентира македонските аргументи за формален почеток на преговорите за членство, јави дописничката на МИА од Брисел.Ова е втора посета на македонскиот премиер на Брисел во рок од една недела. Минатата тој се сретна со претседателката на Европската Комисија и со шефот на дипломатијата на ЕУ.Денеска тој се сретнува и со шефот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, кој претседава со највисокото тело на ЕУ – лидерските средби или самити на ЕУ.Иако Европскиот Совет не носи одлуки, тоа е клучното тело каде се цртаат и одредуваат политиките на Европската Унија. Мишел има улога да изгради компромис помеѓу 27-те шефови на држави и влади на Европската Унија.Се очекува премиерот Заев денеска и на Мишел да му ги повтори аргументите дека е нужно Северна Македонија да ја одржи првата Меѓувладина конференција пред крајот на португалското претседателство, за да се зачува и подобри кредибилитетот на Европската Унија како во земјата така и во целиот регион.Северна Македонија заедно со Албанија во март 2020 доби зелено светло од сите 27 членки на ЕУ едногласно дека треба да започне преговори со ЕУ, но Бугарија го блокира усвојувањето на преговарачката рамка поради билатерален идентитетски спор.

Social profiles