Во Австрија доктори на пациент му ампутирале погрешна нога – Makedonija News

Во Австрија доктори на пациент му ампутирале погрешна нога

На клиниката во Фрајштат, во провинцијата Горна Австрија, е направена страшна грешка од страна на медицинскиот тим, кој му ја ампутирал погрешната нога на 82-годишен пациент.

„На пациентот мораше да му биде ампутирана левата нога, но по грешка, пред операцијата, беше обележана погрешната нога“, изјави директорот на клиниката, Норберт Фрич.

Само еден ден по операцијата, при промена на завојот, откриено е дека е ампутирана погрешната нога.

Истрагата за целиот случај е во тек, а надлежната лекарка по сопствено барање е суспендирана.

„Треба да откриеме како се случила грешката. Сакам јавно да се извинам“, рече Фрич.

Особено е трагично што самиот пациент, врз основа на бројни други болести што ги има, не бил свесен дека му е ампутирана погрешна нога.

Тој не бил во состојба да укаже на грешката дури ни при обележувањето на ногата.

Social profiles