Груби и Бочварски на лице место ќе видат до каде не е изграден автопатот Кичево-Охрид – Makedonija News

Груби и Бочварски на лице место ќе видат до каде не е изграден автопатот Кичево-Охрид

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, првиот вицепремиер Артан Груби и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска ќе извршат увид во изградбата на автопатот Кичево-Охрид кај Извор каде е сместен кампот на изведувачот на работите – кинески Синохидро.

Министерот Бочварски веќе најави дека во Собранието следниот месец ќе биде доставен предлог закон  со којшто ќе се овозможи склучување нов анекс на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид за да  се продолжи рокот за изградба.Се уште се преговара за колку време ќе биде продолжен рокот за автопатот што со сегашниот анекс на договорот со изведувачот – кинески „Синохидро“ истекува во јуни.

Прогресот на работите на автопатот во должина од 57 километри изнесува 62 проценти, а Министерството за транспорт во изминатите месец и половина одобрило 20 од предвидени 70 инфраструктурни проекти за измени на трасата. Автопатот почна да се гради во 2014 година.

Social profiles