Во Србија почнаа антитерористичките воени вежби, руски спeциjалци на неколку километри од македонската граница – Makedonija News

Во Србија почнаа антитерористичките воени вежби, руски спeциjалци на неколку километри од македонската граница

Во Србија се одржува антитерористички воени вежби на руската и српската војска. Во нив учествуваат единици за специјални операции на Србија и Русија, пишува „Спутник“.

Во воените вежби учествуваат 200 војници и 11 единици воена опрема на Западниот воен округ.

За време на воените вежби се вежба десант, со помош на падобранските системи „Арбалет“, напредување кон објект на нелегални воени формации, негово блокирање и уништување. Покрај тоа, ќе се изведува гаѓање од малокалибарско оружје.

На свеченото отворање страните ја истакнаа важноста на заедничките активности за борбена обука за развој на соработката меѓу вооружените сили на Србија и Русија во областа на борбата против тероризмот.

Social profiles