Русија ја покажа воената база на Арктикот на само 257 км од територија на НАТО – Makedonija News

Русија ја покажа воената база на Арктикот на само 257 км од територија на НАТО

Русија неодамна ја прошири пистата во својата воздушна база „Нагурскоје“ на должина од 3.500 метри, што значи дека таму може да приземји поголем дел од своите воени авиони, вклучително и ловци што патролираат по поларното небо. На прашањето дали тоа значи дека руските тешки стратешки бомбардери, како што е „ТУ-95 медвед“, може да оперираат од тука, генерал-мајорот Игор Чуркин гордо потврдува дека може.

„Се разбира дека може. Погледнете. Во оваа база може да слетаат сите видови авиони, се пофалил тој покажувајќи кон инфо-графикот за базата.

Руските вооружени сили им дозволија на медиумските куќи, вклучително и на Си-ен-ен, ретка можност за пристап до најсеверната воена база на островот Александар Први на почетокот од оваа недела. Си-ен-ен дозволата ја добил непосредно пред состанокот на Арктичкиот совет, група од осум држави што граничат со северниот поларен регион, со кој Русија го презеде претседателството годинава. Инаку, ова е една од сè поголемиот број арктички бази што Русија ги изгради или надгради во последните неколку години.

Изградбата на базата, позната како „Арктичка детелина“, заврши во 2017 година. Се наоѓа на 257 километри источно од најисточниот дел на норвешкиот архипелаг Свалбард – територија на НАТО.

Новата база е изградена за сместување на речиси 150 војници со цел да осигури дека руската северна флота е автономна и самостојна. Сето ова е дел од она за што претседателот Владимир Путин вели дека е клучен напор за зајакнување на присуството на Москва на Арктикот.

Social profiles