Силен земјотрес во Кина, најмалку двајца загинати – Makedonija News

Силен земјотрес во Кина, најмалку двајца загинати

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погодил југот на Кина.

Земјотресот бил регистриран во округот Јангби во провинцијата Јунан на југозападот на Кина, се наведува во соопштението на Кинескиот центар за земјотреси.

Во земјотресот има најмалку двајца загинати и десетина повредени лиц, јавува Кинеската централна телевизија.

На снимките може да се види како луѓето во паника бегаат од една продавница.

Оваа област инаку е позната како трусно подрачје. Во текот на минатата година бил регистриран потрес со јачина од пет степени според Рихтер, при што загинале четири лица, додека 23 биле повредени, покажуваат податоците на кинескиот центар за земјотреси.

Social profiles