Загинаа повеќе од дваесет тркачи за време на ултрамаратон во Кина – Makedonija News

Загинаа повеќе од дваесет тркачи за време на ултрамаратон во Кина

Најмалку 21 лице го загубија животот од последици од ненадејно, екстремно студено време, за време на ултрамаратон што се одржа во кинеската провинција Гансу, јавија денеска државните медиуми на земјата.

Трката почнала вчера наутро од туристичкиот центар на брегот на Жолтата река, а за време на патеката долга 100 километри, натпреварувачите мораа да поминат низ длабоките кањони и преку ридови до платото, на надморска височина поголема од 1.000 метри.

Во текот на попладневните часови, кога тркачите стигнале до планинската делница од трасата, дошло до ненадејна појава на град, леден дожд и силен ветер, што довело до ненадеен и голем пад на температурата, соопштија локалните власти.

Во тек е опсежна операција за спасување на тркачите во која учествуваат 1.200 спасувачи со помош на беспилотни летала и радар за откривање.

Невремето предизвика свлечишта и одрони, што исто така ги попречува спасувачките екипи.

Во трката учествувале 172 тркачи.

Social profiles