Еруптираше вулкан во Конго: Лавата стигна до град со 2 милиони жители, населението бега кон Руанда – Makedonija News

Еруптираше вулкан во Конго: Лавата стигна до град со 2 милиони жители, населението бега кон Руанда

Еден од најактивните вулкани на светот, Нијарагонго, во Демократската Република Конго, еруптира синоќа, поради што владата ги активира плановите за евакуација на градот Гома, а лавата од вулканот стигнува и до аеродромот, објавија властите и вулканолозите.

Ерупцијата го зарвени небото над градот Гома на истокот на Конго, чии жители се сеќаваат последната ерупција на вулканот во 2002 година, која уби 250 луѓе, а 120 илјади останаа без дом.

Во поголемиот дел од градот нема струја, телефонските линии се зафатени, а илјадници луѓе евакуирани. Некои побегнале кон искот, накај границата со Руанда, додека другите бегаат на запад.

Social profiles