Видео: Погледнете како се прославуваше 25 мај „Ден на младоста“ – Makedonija News

Видео: Погледнете како се прославуваше 25 мај „Ден на младоста“

Во некогашна Југославија 25 Мај беше голем празник. Се славеше Денот на младоста, по повод роденденот на претседателот на републиката Јосип Броз Тито.

Обединувачкиот дух од Вардар па се до Триглав го красеа штафетите долги илјадници километри, парадирајќи низ десетици градови. Сплет на младост и смеа, свечената манифестација се одбележуваше со слет на белградскиот стадион на ЈНА. На неа, млади момци и девојки штафетата му ја предаваа на маршалот Тито како своевиден симбол на љубовта и предаденоста на неговото дело.

Од воведувањето на оваа традиционална екс-ју манифестација во 1945, честа лично и персонално да му го честитаат роденденот на Тито ја имале и четворица Македонци. Меѓу нив и штипјанката Лилјана Марковска, од далечната 1970 година. Имала само 18 години.

Празнувањето згасна. Но за најголемите носталгичари од земјава 25 мај е ден, барем за момент, да ја активираат временската машина и да ја вратат магијата на југословенскиот начин на живот. Но вонредната состојба денеска си го направи своето.

Social profiles