Тешко повреден велосипедист на патот Охрид – Свети Наум – Makedonija News

Тешко повреден велосипедист на патот Охрид – Свети Наум

На 24.05.2021 година во 12,45 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, кај населбата „Елешец” во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која,  патнички автомобил „Фоксваген Пасат” со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Д.(26) од Пробиштип удрил во велосипед „Вислер”, управуван од Т.Ш.(54) од Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот на кого му е укажана лекарска помош во Болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Social profiles