МТСП: Во тек е етапната исплата на пензиите за месец мај – Makedonija News

МТСП: Во тек е етапната исплата на пензиите за месец мај

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е етапната исплата на мајските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.05.2021 година -среда.

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.05.2021 година -четврток.

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.05.2021 година -петок.

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.05.2021 година -понеделник.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 мај -среда, напоменуваат надлежните.

Од таму дообјаснуваат дека етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Social profiles