Приведени двајца полициски функционери за оддавање службена тајна во скандалот со рекет во РЕК Битола?! – Makedonija News

Приведени двајца полициски функционери за оддавање службена тајна во скандалот со рекет во РЕК Битола?!

Двајца полициски функционери  се приведени за оддавање службена тајна во аферата „Рекет во РЕК Битола“ . Денеска извршен е претрес во домовите на осомничени функционери од МВР во кој нивните семејства биле принудени да излезат надвор од своите домови додека траел претресот, објави Плусинфо.

Како што велат од порталот побарале потврда од МВР за приведувањата, но се уште нема официјална информација.

Во написот на Плусинфор се вели дека Александар Јанев, поранешен началник за оранизиран криминал во МВР во време на техничката влада и Илија Чалшев Менис, полициски инспектор за организиран кримал се осомничени и приведени поради оддавање службена тајна во случајот што го обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за рекетот во РЕК Битола, а во кој како што обвини партијата, е вмешан Вице Заев, братот на премиерот.

ВМРО – ДПМНЕ тврди дека Вице Заев барал рекет во вредност од 250.000 евра од битолска компанијата „Рубитон“ која добила тендер за ископ на јаглен.

Social profiles