Сообраќајка на патот Тетово-Јажинце, повредени пет лица – Makedonija News

Сообраќајка на патот Тетово-Јажинце, повредени пет лица

Пет лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 15,30 часот на регионалениот пат Тетово-Јажинце во с.Теарце

Несреќата се случила помеѓу „ауди А3“, управувано од М.Ј.(61) од с.Глоѓи и „голф“, управуван од М.З.(47) од Тетово во кое биле и тројца сопатници.

По незгодата сите учесници биле пренесени во Клиничка Болница-Тетово, каде на сопатникот од „голфoт“, Ќ.Б.(45) од с.Џепиште му била констатирана тешка телесна повреда додека на останатите им биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Social profiles