Поскапување на струјата за 50 денари на секои 1.000 денари доколку РКЕ ги прифати барањата на енергетските компании – Makedonija News

Поскапување на струјата за 50 денари на секои 1.000 денари доколку РКЕ ги прифати барањата на енергетските компании

Доколку Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги прифати барањата на МЕПСО, НЕМО и Електродистрибуција за зголемување на цените за пренос, организирање и управување на пазарот и за дистрибуција на електрична енергија, сметките за потрошена струја што ги плаќаат граѓаните би се зголемиле за 50 денари на секои 1.000 денари. Сепак колкаво ќе биде конечното зголемување на сметката ќе зависи од цената што ќе ја постигне Универзалниот снабдувач ЕВН хоум на тендерот за набавка на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар што треба да го објави во јуни.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски вели дека Регулаторната комисија може да влијае само на 38 отсто, но не и на останатите 62 процента од сметката што ја плаќаат граѓаните и малите фирми до 50 вработени или со до два милиони евра годишен приход, кои имаат право да останат на регулираниот пазар.

Како што истакна Бислимоски на денешната средба со новинарите, МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос на електрична енергија од 143 отсто, Националниот енергетски маркет оператор (НЕМО) за организирање и управување на пазарот на електрична енергија побарал зголемување за 45 отсто, а Електродистрибуција зголемување за 0,95 отсто на цената за дистрибуција на електрична енергија. ЕВН хоум до РКЕ доставила само барање за маржа но, како што рече, не може да излезе со цена бидејќи во јуни треба да го објави јавниот тендер за набавка на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар до крајот на годинава. На овој тендер ЕСМ има обврска да понуди 70 отсто од потребните, а останатите ЕВН хоум да ги набави на слободниот пазар. Доколку цената што ќе ја понуди ЕСМ биде повисока ЕВН хоум може сите потреби да ги задоволи на слободниот пазар.

Social profiles