„Светна“ и Лабино, апел посетителите да не фрлаат отпадоци – Makedonija News

„Светна“ и Лабино, апел посетителите да не фрлаат отпадоци

Денеска членови на здружението за заштита и одржлив развој на животната средина регионален зелен центар Охрид, културолошка иницијатива 5 до 12, граѓани од месна заедница Стар Град како и вработени лица во ЈП Комуналец Охрид започнаа со уредување на плажата „Лабино“ која се наоѓа во стариот дел на градот.

Плажата во последните години во летниот период е посетувана од локалното население, но исто стана позната и ги привлекува странските туристи кои го посетуваат градот Охрид.
Оваа акција е дел од активностите во рамки на проектот Младинско ЕКО лето кое е поддржано од CIVIKA MOBILITAS.

Од страна на здружението за заштита и одржлив развој на животната средина регионален зелен центар Охрид се упатува голема благодарност до соработниците и упатува апел до посетителите на плажата да не ја уништуваат и заедно да ја зачуваме.

Social profiles