ПЕТ ЗНАЦИ СО КОИ ВАШИОТ ПАРТНЕР ВИ ПОКАЖУВА КОЛКУ МУ ЗНАЧИТЕ! – Makedonija News

ПЕТ ЗНАЦИ СО КОИ ВАШИОТ ПАРТНЕР ВИ ПОКАЖУВА КОЛКУ МУ ЗНАЧИТЕ!

Ги поддржува вашите желби и соништа

Како што се развива врската помеѓу две лица, така се развиваат и поединците во неа. Вистинскиот партнер секогаш ќе биде со вас на секое „патување“ за кое ќе се одлучите во вашиот живот. Тој ќе ги поддржи вашите желби и соништа што сакате да ги остварите без оглед дали станува збор за промена на работното место, ново хоби, запишување на факултет или нешто друго. Тој ќе ве поттикне да се развивате и растете и да преземате ризици што можеби не сте ги презеле доколку не сте ги споделиле своите соништа со него. За него, вашата среќа е поважна од малите жртви што тој ќе треба да ги направи за да се изградите во личноста што сакате да станете.


Тој сè уште се обидува да ве изненади

На самиот почеток на врската, мажите се обидуваат да го овековечат секој можен момент за да ве допрат, бакнат, прегрнат или изненадат. Како што напредува врската и почнувате да го споделувате животот со неа, така почнува и еуфоријата од почетокот на врската да згаснува. Сепак, ова не е алармен сигнал, туку т.н. тивка љубов во која паровите почнуваат да се чувствуваат пријатно и опуштено. Но, ако мажот се обиде да ве изненади за да ви го разубавува денот од време на време, тогаш вие сте навистина посебни за него.

Не мора да станува збор за скапи подароци, туку за ситници што ќе ги цените во тој момент. Може да биде обична чоколада, бонбони, цвеќиња или парфем што го сакате.

Тој ти се доверува

Ако жените се сложени суштества, мажите се токму такви. Сепак, едно е сигурно. Ако мажот ви верува доволно за да ги сподели своите проблеми со вас, како и со несигурноста со која се бори секојдневно, тогаш тој сака да ви каже колку му е важно вашето мислење. Тој сака да бидете вклучени во неговиот живот исто колку што е тој во вашиот и сака да бидете покрај него во моменти кога ќе се чувствува ранливо.

Тој те гледа во очи

Кога ќе излезете на романтична вечера и тој седи спроти вас и погледот не му се врти или не е залепен на мобилниот телефон, туку ве гледа и активно слуша што имате да кажете. Истражувањата покажаа дека паровите кои се сакаат едни со други се гледаат во очи повеќе од 75% од времето што го поминуваат заедно, за разлика од другите кои се гледаат во очи 30-60% од времето. Тој мал, но силен знак покажува дека сте важни за него и дека тој е заинтересиран за сè што имате да кажете.

Тој оди со тебе на места што не му се допаѓаат

Сите сигурно може да се сетите барем на еден момент кога сакате да одите на некој настан, да се дружите или да одите на шопинг што не и се допаднал на вашата друга половина. Ако тој бил присутен во тие моменти, дури и ако прво протестирал малку, тоа е знак дека тој сепак се грижи бидејќи знае дека неговото присуство е важно за вас. Во тие моменти, тој ги става настрана своите преференции и желби за да ве направи среќни.

Social profiles