ПРЖЕНИ ЌОФТИЊА ОД КОМПИРИ, ШУНКА И КАШКАВАЛ – Makedonija News

ПРЖЕНИ ЌОФТИЊА ОД КОМПИРИ, ШУНКА И КАШКАВАЛ

Состојки:

  • 3-4 парчиња млад компир
  • 2 јајца
  • 100 гр.шунка
  • 50 гр. кашкавал
  • сол по вкус
  • бибер
  • магдонос
  • 2 лажици брашно
  • масло – за пржење

Подготовка:
Изрендајте го младиот компир во чинија и откако ќе пушти вода повторно исцедете го добро со рацете.

Изрендајте ја шунката и кашкавалот, додадете го сецканиот магдонос потоа и изматените јајца и ставете малку сол и бибер.

На крајот, ставете го брашното. Промешајте ги добро состојките во густа смеса.

Загрејте масло во тава, намалете на 5 степени од 6 можни и истурете лажица од смесата.

Social profiles