Експлозија во центарот на Белград- има повредени – Makedonija News

Експлозија во центарот на Белград- има повредени

Плинска боца експлодира на улицата Чика Љубина во центарот на Белград, поради што беше демолиран цел локал, а неколку лица беа повредени. Пет лица се веќе пренесени во Ургентниот центар, од кои едно е на интензивна нега. Наводно станува збор за случајни минувачи, а се стравува дека во барот има повеќе повредени лица.

Фактот што експлозијата исфрлила едно лице на тротоарот покажува колку била силна детонацијата.

Граѓаните кои се нашле на оваа локација на социјалните мрежи опишаа дека сè билокако во некој хорор филм.

Граѓаните исто така пишуваат дека оние кои се нашле во близина на местото за време на експлозијата веднаш покажале хуманост и пружиле помош.

Social profiles