Во Србија почнува пријавувањето на вакцинираните граѓани за државна помош од 25 евра – Makedonija News

Во Србија почнува пријавувањето на вакцинираните граѓани за државна помош од 25 евра

Граѓаните на Србија постари од 16 години кои заклучно со денешниот ден примиле барем една доза вакцина против коронавирус, од утре ќе можат да се пријават за државна помош во износ од 3.000 динари (25,5 евра). Како што претходно соопшти министерот за финансии, Синиша Мали, пријавувањето за помош наменета за вакцинирани лица ќе се се одвива од 1 јуни преку порталот на Управата за трезор, додека кол центарот ќе биде отворен на 4 јуни. Пријавите ќе траат до 15 јуни, кога започнува исплата на парите.

Право на оваа помош имаат сите граѓани над 16-годишна возраст кои примиле барем една доза од која било вакцина против кавид-19 достапна во Србија – Синофарм, Спутник В, Фајзер / Бионтек или АстраЗенека.

Пензионерите и граѓаните кои примаат социјална помош нема да мора да се регистрираат, туку автоматски ќе бидат ставени на списокот за помош.

Пријавувањето преку порталот на Управата за трезор би требало да биде идентична како онаа за помошта од 30 плус 30 евра. Вакцинираните граѓани, кои сакаат да добијат 3.000 динари, ќе мора да го внесат својот единствен матичен број (ЕМБГ), бројот на личната карта и името на банката каде што имаат сметка или сакаат да им се отвори сметка.

Доставувањето докази за вакцинација нема да биде потребно затоа што, како што изјави министерот Мали, овие податоци веќе постојат во рамки на е-Управа и поврзани се со матичниот број.

Social profiles