Фирмите кои гo узурпираат крајбрежјето во Охрид, под лупа на сеопфатна истрага на неколку институции – Makedonija News

Фирмите кои гo узурпираат крајбрежјето во Охрид, под лупа на сеопфатна истрага на неколку институции

Од како е забележано масовно давање откази во угостителството и бегање на работната сила во фабричките хали, како и поради притисокот од странските претставништва да се реши проблемот со криминалот кој се прави со узурпацијата на брегот на Охридско Езеро, од повеќе државни институции се побарани информации и координирано е започната акција на испитување на финансиското и трудовото работење на фирмите кои ги стопанисуваат узурпирани плажи – дознава NEWS1.MK од извори во Владата.

ФРАПАНТНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ КОИ ОТВОРААТ БРОЈНИ ПРАШАЊА

Како што дознаваме проверките направени во официјално пријавените финансиски биланси покажуваат дека еден угостителски објект лоциран на дел од брегот непосредно до урбаната зона на Охрид од 2017 година до 2020 година остварил приходи од над 190 милиони денари ( над 3 милиони евра ), додека друг угостителски објект кој е во близина на споменатиот кој исто така е распослан на илјадници метри квадратни узурпирано државно земјиште,  а за разлика од првиот остварил далеку помали приходи од само над 1 милион денари и имал само еден вработен.
Милионски приходи остварил и угостителски објект кој противзаконски узурпира плажа во урбаната зона на Охрид,  во самиот град,  а кој остварил над 60 милиони денари ( над 1 милион евра ).   Извори за NEWS 1 велет дека имињата на фирмите кои се под лупа на иннституциите од страна на истите, за брзо време ќе бидат обелоденети, по комплетирањето на документацијата. 

ИЛИ НЕМАЛЕ ВРАБОТЕНИ ИЛИ ПАК ГИ ДРЖЕЛЕ НА ПОЛА РАБОТНО ВРЕМЕ

Дека овие угостители се занимаваат само со менаџирање на начини и процеси како што е можно повеќе да ја оштетат државата се гледа и од проверката на тоа какви и колку вработени имале. Па така откриено е дека тоа варира од целосно работење на црно ( со само еден пријавен кај еден од објектите ) до пријавување на вработени на пола работно време кај другите, што пак отвора прашање како вработените се плаќани за останатите часови работи, ако се знае дека објектите работат скоро по 20 часа на ден.

Сите овие откриени податоци институциите најверојатно ќе ги презентираат јавно, по што јавноста сама ќе има можност за конкретни угостителски објекти да добие претстава колку пари заработувале , а со години ништо не плаќале ( и со помош на скапо платени адвокати и евтино платени локални медиуми ) ги заглавувале процесите во судовите со цел да продолжат да не плаќаат ништо на државата и да остваруваат астрономски профити на штета на народот и градот Охрид.

КАМПАЊАТА ДЕКА ОХРИД ЌЕ ОСТАНЕЛ БЕЗ ТУРИЗАМ ПРОПАЃА ВО СТАРТ

И додека градот и државата ги прават проверките кои откриваат тешки кршења на законите, дел од допсисниците и локалните интернет портали се обидуваат на јавноста во државата да и прикажат погрешна и лажна слика дека Охрид ќе останел без понуда на плажите, што секако не е точно бидејќи на брегот на езерото работат и постојат хотели, плажи и други угостителски објекти кои постојат со децении и работат легално, со пријавени вработени и пријавен промет и што е најважно без да вршат узурпација на земјиште сопственост на државата и народот.

КАКВА Е И ЈА ИМА ЛИ ПОВРЗАНОСТА НА ПОЛИТИЧАРИТЕ СО ПЛАЖИТЕ ? !

Под истрага ќе се најдат и политичките естаблишменти кои до сега го владееја Охрид, со оглед на тоа дека овој период за кој се проверувани бројките во работењето опфаќа три градоначалници на Охрид. Како што дознаваме се проверувало и што правеле инспекциските служби сите овие години.

Константин Георгиевски е единствен градоначалник на Охрид кој со тешки опструкции и саботажи од други институции во Охрид се почна акција за отстранување на овие објекти кои нелегално стопанисувале на повеќе полиња со години, кумулирале средства и го доведоа Охрид до фаза да биде избришан од УНЕСКО.

Social profiles