Галичката свадба ќе се одржи од 16 до 18 јули, согласно протоколите за заштита од КОВИД 19 – Makedonija News

Галичката свадба ќе се одржи од 16 до 18 јули, согласно протоколите за заштита од КОВИД 19

Нека е аирлија!
Истрајни во желбата да бидат дел од традицијата, Филип Бундовски и Катерина Илиевска кои лани беа избрани за зет и невеста на Галичка свадба, годинава ќе ја крунисаат својата љубов во Галичник!
Планирано е Галичката свадба да се одржи годинава од 16 до 18 јули, согласно протоколите за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19 кои ќе се применуваат за организација на настани на отворено (и каде ќе дадеме и наш придонес).
Да им е со среќа и да се вечни, стои во објавата на МЗ Галичник.

Инаку ковид пандемијата ја одложи традионалната манифестација Галичка свадба минатата година.

Оваа манифестација низ годините прерасна во голема културно-туристичка атракција, која привлекува домашни и странски посетители. Првата Галичка свадба се одржала во 1963 година. Тогаш над 4.000 гости одблизу ги виделе свадбарските обичаи на Мијаците. По две години имало прекин, до 1973 година, откога манифестацијата се одржува редовно.

Social profiles