Се враќа оградата од вилата „Билјана“ во Србија и се преговара за директна авионска линија Охрид – Белград преку цела година – Makedonija News

Се враќа оградата од вилата „Билјана“ во Србија и се преговара за директна авионска линија Охрид – Белград преку цела година

Српската влада ќе го врати оргиналниот изглед на Српскиот парламет од 1936 година. Идејата за изградба на парламентарната зграда, која ја вклучува споменатата ограда, целосно го обновува нејзиниот поранешен изглед, постои одамна, но неодамна беше процедурата за утврдување каде завршуваат деловите од таа ограда. Дел од таа ограда се користел за мечување во Претседателската Вила „Билјана“ во Охрид, а дел е во комплексот Бели двор. Македонската Влада и Локалната власт на драго срце прифатија делот кој што е во Охрид во Претседателската вила „Билјана“, да ја врати во Србија. Зградата на Собранието на Србија порано имала ограда по целата должина, од предната страна се наоѓала на местото каде што е денешното плато, а била изработена од ковано железо. Оградата беше отстранета во 1956 година.

Градоначалникот на Охрид и директорот на агенцијата за промоција и поддршка на Туризнот Љупчо Јаневски на 10 ти јуни, ќе патуваат во Србија, на средба со Дачиќ и останатиот Српскиот врв, за да се дефинираат деталите за пренесувањето на оградата.

ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОСИ СО СРБИЈА НА СЕКОЕ ПОЛЕ 

Извори за Охрид 1 откриваат дека покрај за враќањто на оградата, на средбите ќе се разговара и за директната авионска линија Охрид – Белград да биде постојана, а не како досега само сезонска. Воспоставувањето на оваа авио линија од една страна ќе биде во интерес на развој на туризмот што би значело носење на туристи од Србија преку целата година, но и од европските земји со кои белградскиот аеродром има конекции како и носење гости од Соединетите Американски Држави ако се земе во предвид фактот дека веќе пет пати неделно сообраќа авио линија Њујорк – Белград.

Social profiles