Вучиќ ги повикува македонците на бесплатна вакцина во Србија – Makedonija News

Вучиќ ги повикува македонците на бесплатна вакцина во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побарал од Владата да овозможи бесплатна вакцинација за сите граѓани на Македонија, соопшти агенцијата Бета.

Како што наведува порталот Б 92 повикувајќи се на неговите информации, Вучиќ побарал граѓаните од Македонија да примат вакцини по сопствен избор.

Тие во Србија ќе можат да добијат една од четирите вакцини од производителите „Фајзер-Бионтек“, „Синофарм“, „Астра Зенека“ и „Спутник В“.

Во средата, Вучиќ соопшти дека граѓаните на Босна и Херцеговина можат бесплатно да се вакцинираат на територијата на Србија и изјави дека Србија има доволно вакцини, повикувајќи ги граѓаните од регионот да се вакцинираат во Србија.

Social profiles