Бајден кажа каде САД ќе ги испраќаат неискористените вакцини – Makedonija News

Бајден кажа каде САД ќе ги испраќаат неискористените вакцини

Претседателот Џо Бајден денеска укажа конкретно кои земји ќе бидат приматели на првата транша 25 милиони дози вакцини против Ковид-19 од вкупно 80 милиони што САД се спремат да ги донираат во јуни.

Според него, САД ќе донираат речиси 19 милиони дози во Ковакс, меѓународна програма за размена на вакцини. Во рамките на програмата, околу 6 милиони дози ќе бидат испратени во Јужна Америка и карипските земји, околу седум милиони дози ќе бидат испратени во Јужна и Југоисточна Азија и околу пет милиони дози во Африка.

Останатите шест милиони дози САД ќе испратат директно во такви земји како Канада, Мексико, Индија и Јужна Кореја.

– Ги споделуваме вакцините за да спасиме животи и да бидеме први во светските напори за запирање на пандемијата, но и да ги инспирираме другите со нашиот пример и своите вредности, изјави Бајден.

Social profiles