Двојничка на холивудските ѕвезди открива како се снимаат секси сцените – Makedonija News

Двојничка на холивудските ѕвезди открива како се снимаат секси сцените

Кога холивудските актерки не сакаат да снимаат секс сцени, ја викаат Кери Паркер. Атрактивната црнокоса го има „заменувано“ и телото на Меган Фокс на филмски сет при секс сцени.

Двојничките на најголемите холивудски ѕвезди кои на сетовите со своите тела ги заменуваат нивните при снимање на секс сцени, откриваат детали од зад камерите.

Тие откриваат дека долго време ги проучуваат движењата на ѕвездите за да може потоа добро да ги одглумат.

Кери Паркер од Велика Британија која одамна го работи ова вели: „Откако режисерот ќе нѐ позиционира во кревет долу ставаме специјална т.н. перница за интимност во случај актерот да не може да се исконтролира. Може да се случи такво нешто, па ова е за комфор на сите и за зачувување на личниот простор.“

Кери ги има заменувано актерките Џесика Рејн во филмот Robin Hood и Меган Фокс во How to Lose Friends and Alienate People, како и низа други актерки.

Social profiles