Македонската фудбалска репрезентација комплетна заминува за Букурешт – Makedonija News

Македонската фудбалска репрезентација комплетна заминува за Букурешт

Македонската фудбалска репрезентација ја мина првата контрола за безгрижен пат кон Букурешт. Сите последни направени тестови на фудбалерите и членовите на експедицијата се негативни на кронавируаот. Селекторот Игор Ангеловски – Мрме ќе ја поведе експедицијата во полн состав со сите 26 повикани кандидати за составот на најдобриот државен тим денеска со чартер лет во 10:30 часот од скопскиот аеродром кон Букурешт, каде ќе го има премиерниот настап на Европското првенство 2020.

Македонија во романската престолнмина ќе ги реализира последните подготвки пред првиот настап во групата Ц каде на 13. јуни од 18 часот ќе игра против Австрија и на 17 јуни од 15 ласот со Украина, по што се сели во Амстердам каде на 21 јуни ќе игра со Холандија.

Social profiles