„Опасни отрови“: Ким Јонг-Ун ги забрани фармерките и странските филмови во С. Кореја – Makedonija News

„Опасни отрови“: Ким Јонг-Ун ги забрани фармерките и странските филмови во С. Кореја

Би-Би-Си тврди дека во С. Кореја стапи на сила закон, на кој инсистирал лидерот на таа земја, Ким Јонг-Ун, и според кој на населението им е забрането да „консумираат“ се што има врска со САД, Јужна Кореја и Јапонија.

Севернокорејскиот лидер потпишал закон со кој строго се казнува носењето фармерки, гледањето странски филмови, но и употребата на сленг во неговата земја, се со цел да се потисне какво било надворешно влијание врз населението на најзатворената земја во светот.

Жителката на Сеул, Jон Ми Соу, за британски Би-Би-Си изјавила дека имала 11 години кога првпат видела дека властите погубиле маж затоа што имал јужнокорејски филм со него.

На целото негово соседство му било наредено да ја следи егзекуцијата.

„Да не го сторевте тоа, ќе се класифицираше како предавство“, рекла таа од нејзиниот дом во Сеул.

„Никогаш нема да го заборавам тоа. Сè уште ги гледам неговите солзи како течат. Тие му ги врзаа очите, но завојот беше целосно натопен со солзи. Тоа беше трауматично за мене. Го врзаа за дрвен столб и потоа го застрелаа“, додала таа.

Замислете дека сте во постојана блокада без Интернет, социјални медиуми и само неколку државни канали, на кои се прикажува она што треба да го слушне народот од лидерите – ова е животот во Северна Кореја, пишува Би-Би-Си.

Social profiles