Од денеска субвенција за плински уред во возилата понови од 2005 година – Makedonija News

Од денеска субвенција за плински уред во возилата понови од 2005 година

Граѓаните кои од денеска ќе вградат уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18 илјади денари, односи 300 евра.

За оваа намена Министерството за економија денеска ќе објави јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците што ќе трае 60 дена и ќе се одвива по принципот „прв дојден прв услужен“. Надомест на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во едно семејство. За оваа мерка од Буџетот на Министерството за економија се предвидени 11 милиони денари или 178.000 евра со што ќе можат да бидат опфатени околу 600 граѓани.

– За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму треба да извршат купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, по денот на објавувањето на јавниот повик во некои од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди. Со така преправеното возило сопственикот треба да се упати во техничка служба која ќе ја констатира преправката и сопственикот ќе биде упатен во МВР каде треба да се пријави преправката, објасни вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Social profiles