Под засилено полициско обезбедување се отстрануваат платформите од Куба Либре, Кадмо, Бела Виста – Makedonija News

Под засилено полициско обезбедување се отстрануваат платформите од Куба Либре, Кадмо, Бела Виста

Под засилено полициско обезбедување, рано утрово започна отстранувањето на платформата на една од најатрактивните плажи на брегот на Охридското Езеро, плажата „Куба Либре“. Според првичните информации, поранешните концесионери на плажата сами ја отстрануваат платформата и опремата.

Охридските плажи Куба Либре, Кадмо, Бела Виста, Канео и Потпеш од пред два дена се без напојување со електрична енергија. Овие плажи се опфатени со ГУП-от, но немаат договори за концесија.

Вчера продолжи акцијата за уривање на бесправно изградените објекти на потегот кај плажата „Корали“. Уривањето кое на овој потег започна пред два дена, а се одвива со тешка механизација која ги отстранува објектите и ги расчистува остатоците и инфраструктурата на плажата.

Со последните акции продолжува расчистувањето на објектите на плажите, кое до неодамна беше најактивно пред Авто кампот „Елешец“ и плажата Atlantic Beach, односно претходно на плажите после хотелот „Метропол“.

Social profiles