22 години од Кумановскиот договор со кој беше ставен крај на НАТО бомбардирањето врз Југославија – Makedonija News

22 години од Кумановскиот договор со кој беше ставен крај на НАТО бомбардирањето врз Југославија

На денешен ден се навршуваат 22 години од потпишувањето на Кумановскиот договор со кој се стави крај на НАТО бомбардирањето врз поранешната Сојузна Република Југославија.

Кумановскиот договор е воено-технички договор склучен меѓу Меѓународните безбедносни сили и KФОР и владите на СР Jугославија и на Р. Србија, ноќта меѓу 9 и 10 јуни 1999 година на воениот аеродром близу Куманово, во базата на KФОР – Tалон.

Со договорот бил ставен крај на воздушните удари на нато на СРЈ, а ден подоцна е усвоена резолуцијата 1244 во Советот на безбедност.

Договорот бил потпишан од генералот на југословенската војска Светозар Марјановиќ, генералот на полицијата Обрад Стевановиќ и британскиот генерал Мајкл Џексон.

Social profiles