Во автомобил пронајдено мртво дете во Хрватска – Makedonija News

Во автомобил пронајдено мртво дете во Хрватска

Во автомобил во Книн е пронајдено мртво дете, а оваа информација за локален портал ја потврди портпаролот на шибеничко-книнската полиција Шиме Павиќ.

Се претпоставува дека детето починало од горештината откако било оставено во заклучен автомобил. Неофицијално се работи за момче на возраст од четили или пет години.

Според очевидци, детето починало откако цел ден било заклучено во возилото, а таткото мислел дека го оставил момчето во градинка веројатно зошто спиело позади и заминал на работа.  Автомобилот имал затемнети стакла и никој не го забележал детето.

-Ужасна трагедија. Тешко е точно да се утврди што се случило, коментираа потресени жители на Книн.

Social profiles