Силен град денеска ја погоди Преспа – огромни штети на јаболковите насади – Makedonija News

Силен град денеска ја погоди Преспа – огромни штети на јаболковите насади

Силен град денеска ја погоди Преспа. Градот нанесе сериозни штети на јаболковите насади. Според информациите властите најавија дека во понеделник ќе биде објавен јавен повик за пријавување на штети, а во најкус можен рок ќе се формира општинска комисија која ќе направи проценка на штетите.

Од УХМР најавуваат лошо време и понатаму. До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, а околу пладне и попладне на повеќе со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град, се вели во метеопредупредувањето на УХМР.

Social profiles