Се огласи Рафа Надал по „газењето“ од Ноле синоќа – Makedonija News

Се огласи Рафа Надал по „газењето“ од Ноле синоќа

Синоќа се одигра можеби најинтересниот дуел меѓу двајцата најдобри светски тенисери, Новак Ѓоковиќ и Рафа Надал. Победи Ноле, а неговиот триумф има уште поголема вредност, знаејќи дека земјата е подлога на која крал е Рафаел Надал.

Новак Ѓоковиќ беше убеден дека го одиграл најдобриот меч на земјена подлога во својата кариера во полуфиналето на Френч Опен, издание кое беше доволно за да го победи „кралот на земјата“ на неговиот омилен терен.

Надал го претрпе само третиот пораз во 108-от меч на Ролан Гарос и со тоа остана без шанса да се бори за 14-та титула на омилениот грен слем во неделното финале, во кое пак светскиот рекет број еден ќе се обиде да стигне до својата втора титула во Париз.

Рафа го освои првиот сет со 6:3 и се чинеше дека може да ја повтори играта од минатогодишното финале во кое го надигра Србинот, но Новак овојпат реагираше со маестрална игра и откако го доби клучниот трет сет во тајбрејкот, се избори за втората победа над својот најголем ривал на Ролан Гарос..

Шпанецот е свесен дека го загуби најважниот меч во сезоната во дуелот со најдобриот светски тенисер, а иако не сакаше да бара изговори за поразот од 3:1, сепак напомена дека тоа што полуфиналето се играше во ноќни услови повеќе му одговарало на Србинот.

– Ова беше навистина израмнет меч, немаше голема разлика. Тој имаше брејк топка во првиот гејм, а гејм топка и во наредниот. Можеше да биде 2:0 за него, но беше 4:0 за мене, а потоа почнав повеќе да грешам. Новак грешеше на почетокот, но потоа беше многу стабилен и немаше подароци.

Како што одминуваше мечот, условите за игра беа поинакви, подлогата стана побавна. Во текот на ноќта, ситуација се менува, теренот е побавен, а тоа повеќе му одговара него.

Тоа не е оправдување, тој што подобро се снаоѓа во условите, тој заслужува да победи. Моите топки навечер се побавни и помалку живи, овие услови се подобри за него и секоја чест за победата.

– Ова е спорт, некогаш победувате, некогаш губите. Дадов се што имав, веројатно не беше мој најдобар ден, а кога играте против еден од најдобрите на сите времиња, тешко е да го исфрлите од ритам. Имав големи шанси, не реализирав сет топка во третиот сет, но тоа е спортот.

Секоја чест до Новак за победата. Јас не славам премногу кога победувам и сега нема да драматизирам. Загубив на најважниот меч во сезоната, но одиме понатаму. Годините минуваат и ништо не трае вечно. Тешко дека ќе стигнам до 15-титули тука, но ќе се обидам да дојдам до крајот наредната година.

Social profiles