Рокот за завршување на градежните работи на автопатот Кичево-Охрид е продолжен до 2024 година – Makedonija News

Рокот за завршување на градежните работи на автопатот Кичево-Охрид е продолжен до 2024 година

Капиталните инвестиции на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) од почетокот на годината се реализирани во износ од околу 40 милиони евра или 15 проценти од планираните.

Ѕвездата на Наполи, Елиф Елмас преку својот Инстаграм профил објави видео на кое Бразилецот и дава поддршка на македонската репрезентација.

– Очекуваме овој процент да се зголеми со зголемувањето на интензитетот на работата. Во споредба со истиот период од минатата година капиталните инвестиции оваа година се поголеми за 5,3 милиони евра или за 15,8 проценти, вели во интервју за МИА директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми.

Тој информира дека во завршна фаза се преговорите со кинескиот изведувачот „Синохидро“, каде е дефинирано до 31.12.2023 година да се продолжи рокот за комплетирање на градежните работи на автопатот Кичево-Охрид. Рокот се пролонгира поради изработка на дополнителна проектна документација (испроектирана во рок од септември 2019-септември 2020) која, потенцира, беше неопходна за завршување на проектот.

Social profiles