Гавазова на Бекстејџ доби прашање дали би се занимавала со најстариот занает – еве го нејзиниот одговор – Makedonija News

Гавазова на Бекстејџ доби прашање дали би се занимавала со најстариот занает – еве го нејзиниот одговор

Струмичанката Сузана Гавазова која беше една од најактуелните фолк пејачки на почетокот на 2000 – те години ја изненади јавноста кога пред шест години раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Станува збор за Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска.
Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.

Јасмин и јас сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. Заедно сме седум години премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа, изјави своевремено Гавазова.

Во септември минатата година, Сузе објави лут статус во кој вели дека е изморена од негативни коментари на анејзиниот Фејсбук профил:

– Се уморив од бришење лоши коментари и од блокирање на искомплексирани луѓе..Едноставно не сакам на мојот профил негативна енергија.

Сите негативни , препотентни, нечувствителни, безобразни и безобзирни луѓе се, сепак, несреќни затоа им простувам, но нека се тргнат подобро од мојот профил да не бидат уште понесреќни.
А вам драги луѓе кои знаете секогаш да кажете по некој убав збор, златници да ви излегуваат од вашата уста..

Ви благодарам на убавите зборови, ве сакам, бидете ми живи и здрави и Господ да е со вас“ напиша Гавазова.
Таа неодамна објави фотографија од неа и од сопругот на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ ветер во грб и ѝе важна.

До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: Заедно сме посилни! Во интервју за Фокус, таа објасни зошто од Шведска се вратила во Македонија и како живее со сопругот и со ќерките, а зборуваше и како живееле во време на пандемијата.

-Мојот сопруг во Македонија се чувствува исто како дома, има многу пријатели, соработници. Тој почна и бизнис во Македонија и е голем позитивец дека Македонија има потенцијал да просперира и да напредува.

Македонците се многу топол народ и веднаш го прифатија како свој, тоа се случува секогаш кога некој е добар човек.
Кога бев дете многу сакав да бидам во друштво на стари луѓе и многу учев од старите. Се сеќавам кога даваа совети… Работи, троши, ама тргај пари за црни денови. Никогаш не знае човек што може животот да донесе.

Мора секој човек да мисли за утре. Никој не се надеваше дека баш на музиката и воопшто на културата такво нешто ќе се случи, но ете се случи.

Навистина е многу тешко да останеш без работа, тоа не му го посакувам ни на најголемиот душман, посебно кога некој си ја сака работата и си ја работи со многу љубов.

Едно од прашањата гласеше: Со што не би се занимавала Сузе?

Таа одговори дека никогаш не би се занимавала со п*оституција, и исто така никогаш не изразила желба да работи во банка, бидеќи се плашела да работи со многу пари…

Social profiles