Денеска за прв пат после 10 месеци ниту еден починат од ковид во Македонија! – Makedonija News

Денеска за прв пат после 10 месеци ниту еден починат од ковид во Македонија!

Денес за прв пат по 2 септември 2020 не бележиме ниту еден починат од Ковид. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме порача министерот Венко Филипче.

Во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од:
-Скопје 3
-Тетово 2
-Велес, Кичево и Охрид по 1

Нема пријавено починато лице.

Регистрирани се 9 оздравени пациенти од:
-Скопје 3
-Куманово
-Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен по 1

Social profiles