Добро смислен филмски грабеж на блиндирано возило во Модена, но неуспешен – се трага по разбојниците – Makedonija News

Добро смислен филмски грабеж на блиндирано возило во Модена, но неуспешен – се трага по разбојниците

Неуспешен обид за напад на блиндирано возило за да се ограбат парите и скапоцените предмети што ги превезувало синоќа во Модена, пренесува италијанската агенција „Анса“.

Разбојниците, како на филм, најпрво го блокирале автопатот на јужниот излез од Модена, истуриле клинци на патот за да го оневозможат сообраќајот, запреле и под закана со оружје одзеле две возила кои ги запалиле, а потоа запреле и два камиона и ги принудиле возачите да ги постават дијагонално, како барикада на патот.

И покрај ваквите подготовки, нападот и грабежот не успеале, а како што соопшти полицијата, за среќа нема жртви или повредени, иако очевидци велат дека слушнале експлозии и пукотници.

Разбојниците побегнале и по нив се трага.

Social profiles