Двајца осомничени за напад врз полициски службеници во Струга – Makedonija News

Двајца осомничени за напад врз полициски службеници во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двајцата браќа од струшко Велешта, на возраст од 24 18 години, на 15 јуни заеднички нападнале двајца полициски службеници од ОВР Струга кои вршеле контрола на патниот сообраќај. Притоа, осомничените ги удирале полициските службеници со шамари и тупаници и им нанеле телесни повреди. За да се совладаат осомничените на помош кон нападнатите полицајци притекнале уште тројца нивни колеги.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени заради можноста да го повторат делото или да се дадат во бегство. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во траење од осум дена.​​

Social profiles