Денеска македонската репрезентација ќе ги одмери силите со Украинците – Makedonija News

Денеска македонската репрезентација ќе ги одмери силите со Украинците

Вистинска навивачка еуфорија има во Букурешт, каде се одржува Европското првенство во фудбал.

Македонските навивачи играат и пеат. Македонија ги прави последните подготовки за натпреварот против Украина. Во рамки од второто коло од групната фаза на Европското првенство, нашите репрезентативци во Букурешт ќе се обидат да го грабнат првиот историски бод. 

Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра денес со почеток од 15:00 часот, а УЕФА за главен арбитар го делегираше Аргентинецот Андрес Рапалини. Претходно, Македонија изгуби од Австрија. 

Social profiles