НЕКОЛКУ ФАКТИ ЗА ЛИМОНОТ! – Makedonija News

НЕКОЛКУ ФАКТИ ЗА ЛИМОНОТ!

  • Лимонот има Азиско потекло. Се верува дека првите насади на лимоновото дрво биле во Јужна Индија, Северна Бурма и во Кина.
  • Далечната 1493 Колумбо го пренел семето на лимонот на Хаити, а потоа го однел лимонот и во Америка.
  • На европска почва лимонот за прв пат бил посаден во Џенова, Италија во првата половина на 15ти век.
  • Модерните европски дами од ренесансниот период го користеле сокот од лимон за да ги зацрвенат своите усни.
  • Порано лимонот бил производ со многу висока цена. Трговците за еден лимон плаќале цена еднаква на денешни 17 долари.
  • Лимоновиот сок ги уништува непријатните мириси на телото и ја ублажува мрсната кожа. Тој е и одличен отстранувач на масни дамки од ткаенини, а благодарение на ниското PH ниво, многумина го користат и како средство за дезинфицирање на кожата.
  • Лимонот останува свеж во фрижидер дури и до 8 недели.
  • Дрвото на лимонот се смета за зимзелено.
  • Лимоновиот сок често се користи за спречување на оксидација кај храна која е подложна на оксидација бидејќи киселината на лимонот ги денатурализира ензимите кои ја предизвикуваат оксидацијата.
  • Мал дигитален часовник може да работи на батерија направена од лимон. Доколку електродите се стават во лимонот, се добива супер батерија која може да произведе енергија.
  • Од еден лимон може да се добијат 2-3 супени лажици сок, а од неговата кора 2-3 мали лажички сок. А во едно шише Pago од лимон лимета добивате 0.2 литри сок од лимон.
Social profiles