Истражување: Првите случаи на Ковид-19 се појавиле во Кина во октомври 2019 година – Makedonija News

Истражување: Првите случаи на Ковид-19 се појавиле во Кина во октомври 2019 година

Првите случаи на Ковид-19 веројатно се појавиле во Кина меѓу почетокот на октомври и средината на ноември 2019 година, тврдат британски научници во новите проекции кои сугерираат дека коронавирусот се проширил низ целиот свет многу побрзо отколку што се сметаше порано.

Првиот случај на зараза веројатно е откриен на 17 ноември, напишаа истражувачите во анализата објавена во научното списание „ПЛОС Патогени“.

Официјално првиот случај на Ковид-19 беше регистриран на почетокот на декември 2019 година во кинескиот град Вухан, но научниците долго време веруваа дека коронавирусот се проширил и претходно.

Истиот став го делат и научниците од Светската здравствена организација (СЗО), кои го испитуваа потеклото на вирусот на почетокот на годината.

Во Европа, според нив, првиот случај на зараза бил откриен во Шпанија околу 12 јануари, а во САД околу 16 јануари 2020 година.

Social profiles