Скопјанец останал без возило откако му се заканиле со тврди предмети – Makedonija News

Скопјанец останал без возило откако му се заканиле со тврди предмети

39-годишниот Џ.М од Скопје пријавил дека синоќа околу 22.40 часот на подрачјето на Центар од две лица со закана со тврди предмети му било одземено патничко моторно возило “голф“ сопственост на правно лице.

Според полицијата, оштетениот случајот го пријавил рано утрово во еден часот и четириесет и пет минути. Од полицијата додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Social profiles