Соединетите Американски Држави забранија продажба на билети за летови кон Белорусија – Makedonija News

Соединетите Американски Држави забранија продажба на билети за летови кон Белорусија

Министерството за транспорт на САД објави забрана за продажба на авионски билети на релација САД – Белорусија, по инцидентот со присилното слетување на авион на „Рајанер“ и приведувањето на новинарот Роман Протасевич.

Министерството соопшти дека Стејт департментот утврдил дека забраната за патување меѓу САД и Белорусија е во интерес на надворешната политика на Вашингтон, поради присилното слетување на летот на Рајанер, пренесуваат американските гласила.

Беше истакнато дека налогот важи и за трансфер-летовите, што подразбира употреба на услуги на неколку авиокомпании за време на патувањето.

Одлуката не се однесува на товарни превозници како „UPS“ или „Fedeks“, кои летаат над територијата на Белорусија.

Social profiles