3 навики те делат од остар мозок и стабилна меморија – Makedonija News

3 навики те делат од остар мозок и стабилна меморија

Почнуваш да зборуваш и одеднаш блокада, не знаеш да продолжиш. Не можеш да се сетиш што сакаше да кажеш. Овие мозочни блокади сериозно те загрижуваат, бидејќи немаш доволно години за да се соочуваш со мемориски падови. Но, во последно време забележуваш дека мозокот не ти работи со полн капацитет, се чувствуваш дезориентирано, хаотично и никако не можеш да си дојдеш на себе.

Се прашуваш дали предвременото страеење на мозокот воопшто постои како дијагноза и дали ти си уште еден пациент?

Твојата загриженост е оправдана, но нема простор за паника. Брзото животно темпо, предолгата листа со обврски, седечкиот живот пред компјутер и лошата исхрана се причина за забрзано стареење на целото тело, вклучувајќи го и мозокот.

Со мала промена на животниот стил ќе успееш одново да го вратиш мозочниот фокус и острина, всушност треба да воведеш само 3 мали навики:

Најди си време за тишина

Сите се импресионирани од твоето успешно жонглирање со многуте обврски, но мозокот не е! Твојата продуктивност, но и здравје, се сериозно загрозени ако не му овозможиш на мозокот пауза – време во кое ќе леташ со паметот без да мислиш на обврските. Ако ти е тешко да го постигнеш ова сам, појди на јога или медитација и научи како да го исклучуваш мозокот.

Појди да трчаш

Кој било спорт да го избереш нема да погрешиш, бидејќи физичката активност го подмладува телото во секоја смисла. Ако премногу размислуваш и тоа ти создава неспокој, најдобро трчај. При долго трчање се случува еден интересен момент или феномен познат како monkey mind – ќе скокате од мисла на мисла како мајмун од гранка на гранка и на тој принцип ќе го  оттргнете мозокот од она што најмногу ве мачи.

Храни го мозокот

На твојот мозок му треба поддршка во облик на суплемент, само со храна не можеш да го постигнеш посакуваниот ефект, бидејќи денот е прекраток за да стасаш да изедеш се што му треба на организмот. Суплементот не е терапија, но е одлична превенција за да не мора да стасаш до неа. 

Најпожелната хранлива порција за мозокот гласи холин, микронутриент што телото сам го произведува, но во недоволни количини. Затоа, реагирај со Dr. Viton Choline – една капсула во денот ќе ти обезбеди 500 мг холин, соодветна доза што ќе го израдува твојот напатен мозок. А како делува?

Многу е едноставно, холинот е неопходен за создавање ацетилхолин, невротрансмитер кој игра клучна улога во регулирање на меморијата, расположението и интелигенцијата. Исто така е неопходен за синтеза на ДНК кој исто така е важен за мозочната функција и развој. Затоа, не е изненадувачки што холинот води до подобрување на мозочната функција во секоја смисла.

Во една поголема опсервациона студија било заклучено дека холинот ја подобрува мозочната функција во смисла ја подобрува меморијата и процесирањето нови информации.

Суплементот во доза од 1.000 мг во денот, ја подобрил краткотрајната и долготрајната вербална меморија кај возрасните со слаба меморија на возраст од 50 до 85 години.

Во една кратка студија која траела 6 месеци, една мала група луѓе болни од Алцхајмерова болест забележува подобрување во меморијата благодарение на ацетилхолинот кој го примиле пиејќи холин.

Некои докази сугерираат дека холинот игра клучна улога во спречување на развојот и третман на одередени ментални растројства.

Една поголема опсервациона студија го поврза нисокото ниво на холин во крвта со покачен ризик од анксиозност, но не и депрсија.

Ниското ниво на холин е индикатор и за одредени промени во расположението, дури се верува дека холинот како суплемент може да се користи како третман кај биполараното растројство. Холинот како терапија ги подобрува симптомите на манијата кај биполарното растројство.

Social profiles