Со “штедливите автобуси“ на Шилегов ГРАДОТ ЗАГУБИ 377.000 ЕВРА – Makedonija News

Со “штедливите автобуси“ на Шилегов ГРАДОТ ЗАГУБИ 377.000 ЕВРА

Новите автобуси кои ги промовираше градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов беа набавени со кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 10 милиони евра.

Шилегов потенцираше новите автобуси на гас споредбено со кинеските дизел е 60 евра од еден автобус дневно, односно годишно со набавката на 33 автобуси ќе се заштедат од 700.000 до 900.000 евра.

Шилегов рече дека набавката на овие автобуси значително ќе го подобри функционирањето на „ЈСП Скопје“ и ќе ги намали трошоците на неговото работење, бидејќи 202 автобуси, што беа набавени пред 7 години се со лош квалитет, истите често се расипани, а во случајот со кинеските автобуси, поради непостоење на овластен застапник не постои можност за нивна сервисна и техничка поддршка.

На 10.07.2020 година Град Скопје го промовираше пуштањето во употреба на новите екоавтобуси на гас.

-Новите екоавтобуси на гас, од германската компанија MAN се дел од возниот парк на ЈСП и од денеска возат по нашите улици, со што Скопје стана дел од европски метрополи коишто користат екоавтобуси. Возачите коишто ги возат новите автобуси на линии 2, 5, 15 и 57, имаа стручна обука од сертифициран возач од Хрватска, стои во објавата на официјалниот портал на Град Скопје.

Но на точно една година од пуштањето во употреба на новите автобуси, објавена е тендерската постапка за набавка на резервни делови, опрема и материја за одржување за истите, што значи дека заштедите не се толкави како што најавуваше Петре Шилегов.

Набавката ќе го чини градот, односно граѓаните 23,6 милиони денари или околу 377 илјади евра. Заштедите очигледно не се толкави колку што се очекуваше.

Social profiles